Земјотрес во Италија
- Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот регион на Италија, Марке.

Рим, 14 ноември 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот регион на Италија, Марке.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу три километри јужно од Монтелпар во провинцијата Фермо, а се случил на длабочина од околу 21 километар, јавија локланите медиуми.
Земјотресот бил почувствуван во неколку градови долж италијанскиот јадрански брег. јт/
Фото: МИА архива