• среда, 18 декември 2024

Земјите од Г20 објавија заедничка декларација во Рио

Земјите од Г20 објавија заедничка декларација во Рио

Рио де Женеиро, 19 ноември 2024 (МИА) – Самитот на Г20 во Рио де Женеиро почна вчера со неочекуван пробив бидејќи членките издадоа заедничка декларација на првиот ден од разговорите, јави ДПА.

Бразил, како земја домаќин, успешно ја обликуваше агендата, вметнувајќи ги клучните приоритети од своето претседавање со Г20 во документот, вклучително и борбата против гладот и климатските промени, заедно со напорите за реформирање на меѓународните организации.

Лидерите од водечките светски индустриски и економии во развој, исто така, ја изразија својата посветеност за поефективно оданочување на супербогатите и ја повторија меѓународно договорената цел за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриското време.

И покрај првичната загриженост за потенцијалните несогласувања од ултра-либералниот претседател на Аргентина Хавиер Милеи, Г20 успеа да обезбеди широк консензус.

Клучна точка на договор беше притисокот за реформирање на Советот за безбедност на ОН, со конечната декларација која повикува на „порепрезентативен, инклузивен, ефикасен, ефективен, демократски и одговорен“ совет.

Сепак, како и минатогодишниот самит во Индија, немаше експлицитна осуда на руската агресија во Украина, за разлика од силниот став заземен на самитот на Бали во 2022 година. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан