• недела, 22 декември 2024

Зеленски: 3.767 Украинци ослободени од руски заробеништво

Зеленски: 3.767 Украинци ослободени од руски заробеништво

Киев, 21 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 3.767 Украинци биле вратени од руски заробеништво, пренесува Укринформ, повикувајќи се на неговата објава на социјалната мрежа „Икс“.

„Измачувања, понижувања и глад – тоа е она што нашиот украински народ го доживува во руските затвори и логори. Успеавме да вратиме дома 3.767 Украинци. Скоро сите од нив имаа потреба од долготрајно лекување и рехабилитација. Русија продолжува незаконски да ги држи нашите војници и насилно префрлува деца“, напиша Зеленски.

Тој истакна дека заедно со сите луѓе во светот кои го ценат човечкиот живот, треба да се направи сè што е можно за ослободување на сите лица кои Русија ги држи. „Сметаме на поддршката на Ватикан и сите наши партнери“, додаде претседателот.

Укринформ потсетува дека на 19 октомври Украина успеала да ослободи 95 војници од руски заробеништво, од кои 20 биле осудени на доживотен затвор во Русија затоа што ја бранеле својата земја од агресорот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан