• петок, 22 ноември 2024

Зеленски ќе ја прими наградата Карло Велики на 14 мај

Зеленски ќе ја прими наградата Карло Велики на 14 мај

Ахен, 6 април 2023 (МИА) – Наградата Карло Велики оваа година треба да му биде врачена на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 14 мај, иако не е јасно дали тој лично ќе го прими признанието.

Меѓународната награда Карло Велики од Ахен се доделува за сработеното во служба на европското обединување.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе одржи говор во негова чест. За разлика од изминатите години, церемонијата на доделување нема да се одржи на празникот Вознесение Христово-Спасовден, поради судир на датуми, соопшти градот Ахен.

Одлуката Зеленски и украинскиот народ годинава да ја добијат оваа награда беше донесена во декември минатата година.

Во образложението се наведува дека украинскиот народ под водство на Зеленски не само што го брани суверенитетот на својата земја и животите на своите граѓани, „туку и Европа и европските вредности“. Уште се нагласува дека Украина е дел од Европа. Населението и владините претставници заслужуваат „охрабрување“ „брзо да ги водат пристапните преговори со Европската Унија“.

За украинскиот народ, Зеленски не е само претседател и врховен командант на армијата, туку и „мотиватор, комуникатор, мотор и врска помеѓу Украина и големата фаланга поддржувачи“. Покрај тоа, Зеленски е посветен на европската вредности, се наведува во образложението.

Претходни добитници на наградата Карло Велики се поранешната канцеларка Ангела Меркел, поранешниот британски премиер Тони Блер, францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Наградата ја доби и папата Франциск. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан