Зеленски ќе се сретне со Стармер
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер на Даунинг стрит, објави Канцеларијата на британскиот премиер, пренесе Скај њуз.
Лондон, 14 август 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер на Даунинг стрит, објави Канцеларијата на британскиот премиер, пренесе Скај њуз.
Даунинг стрит не откри многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се одржува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
Зеленски, Стармер и европските лидери вчера имаа заеднички телефонски разговор со американскиот претседател, за време на кој се согласија дека одлуките за Украина не треба да се донесуваат без учество на Украина и дека првиот чекор треба да биде притисок за прекин на огнот со Киев.
Ен-Би-Си Њуз синоќа објави дека Трамп рекол оти нема да разговара за поделбата на територијата со Путин. Тој исто така рече дека се надева дека ќе одржи самит меѓу Зеленски и Путин. мс/