• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит

Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит

Бургеншток, 15 јуни 2024 (МИА) - Украина на вториот мировен самит ќе и претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави синоќа во Швајцарија претседателот на Украина Володимир Зеленски на глобалната мировна конференција за Украина.

Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски им рече на присутните дека Русија не е заинтересирана за мир и дека учесниците на самитот треба заедно да одлучат како да постигнат мир „на вистински траен начин“ и во согласност со Повелбата на ОН, објавија украинските медиуми.

-Кога планот за акција ќе биде на маса, договорен од сите и транспарентен за сите, тогаш тој ќе биде доставен до претставниците на Русија, за на вториот мировен самит да го означиме вистинскиот крај на војната, рече Зеленски.

На мировниот самит што се одржува во градот Бургеншток, недалеку од Луцерн, присуствуваат над 100 претставници на земји и меѓународни организации. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан