• недела, 05 мај 2024

Зеленски со Фидан разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море

Зеленски со Фидан разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море

Киев, 25 август 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан со кого разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море.

„Разговаравме за многу важни прашања. Украинска формула за мир, подготовки за Глобалниот самит за мир. Ризиците од руската блокада на коридорот за жито во Црното Море“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм.

Турските медиуми објавија дека Фидан планира да разговара на темата за продолжување на договорот за извоз на жито од Украина и за време на неговата претстојна посета на Русија.

Минатиот месец Москва го прекина учеството во договорот за жито, посочувајќи дека не се испочитувани ветувањата дадени во негови рамки. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан