• сабота, 04 мај 2024

Зеленски се очекува да се сретне со папата в сабота

Зеленски се очекува да се сретне со папата в сабота

Ватикан, 11 мај 2023 (МИА) -   Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува в сабота во Ватикан да се сретне со папата Франциско, соопштија денеска дипломатски извори за западни медиуми.

Планираното патување, кое не е официјално објавено, би се реализирало само две недели откако поглаварот на Римокатоличката црква изјави дека учествува во мировна мисија за ставање крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Папата не даде детали за иницијативата.

Во моментов нема коментар од украинска страна за евентуалната посета.

Италијански дипломатски извор потврди дека Зеленски би можел да дојде во Рим викендов и да се сретне со премиерката Џорџа Мелони. зш/

Остани поврзан