• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Се бориме против страшен непријател, но нема да се предадеме

Зеленски: Се бориме против страшен непријател, но нема да се предадеме

Kиев, 15 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по повод Денот на државноста на Украина, им порача на Украинците да се борат против „страшниот непријател“, но дека нивната земја нема да се предаде.

„Украина не може да се согласи на ништо помалку од тоа да живее, да се зачува и да преживее. Украина нема да се потчини на злото, ние мора да го победиме“, напиша Зеленски на својот профил на X.

Според него, оваа битка е борба за независност што ќе ја наследат идните генерации.

Украинскиот претседател додаде дека Украина нема да попушти пред непријателот кој, како што наведе, „пролева крв заради сопствената болна самодоверба, кој ја презира вистината – и човечката и божествената – и омаловажува сè освен себе“.

„Русија ја гради својата државност токму на ова, но ние сме различни. Ние веќе сме одвоени од овој непријател со нашиот дух. Мораме да го победиме ова зло“, напиша Зеленски. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан