• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Праведно е да се уништуваат терористите на нивната територија

Зеленски: Праведно е да се уништуваат терористите на нивната територија

Киев, 23 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека „рускиот терор не губи замав“ и дека притисокот врз „непријателот мора да се засили со сите методи“.

„Мораме да го зголемиме притисокот - со сите методи и заедно со нашите партнери. Имаме доволно решеност да ги уништиме терористите на нивната територија - тоа е праведно. И ни треба иста решителност од нашите партнери. Можеме да ја запреме Русија. Заедно со сите во светот кои го почитуваат животот, тоа ќе го направиме“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Тој истакна дека украинските војници денеска собориле два руски ракети „Калибар“, а вчера 12 руски проектили и 13 беспилотни летала. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан