• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски одржа состанок на воениот кабинет, ги пофали единиците за одбраната на Бахмут

Зеленски одржа состанок на воениот кабинет, ги пофали единиците за одбраната на Бахмут

Киев, 19 мај 2023 (МИА) – Украинскиот претседател  Володомир Зеленски одржа средба со претставници на сите воени ресори, на која станало збор за претстојната офанзива и за одбраната на земјата. На средбата се разговарало и за добивање дополнителни системи за противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел.

-Беше одржан состанок на воениот кабинет. Ова е нашиот посебен формат на работа во тесен круг со оние кои се задолжени да ја бранат државата, објави Зеленски во видео објавено на каналот Телеграм, пренесен од украинските медиуми.

Украинскиот претседател изјави дека „одбранбените бригади“ извршувале главно стратешки задачи, но не навел детали, дообјаснувајќи дека „сега не е време за тоа“.

Тој посочи дека приоритети за работата за оваа недела и во блиска иднина се добивање меѓународна поддршка во вид на дополнителни системи за противвоздушна одбрана, ракети, авиони и оружје со долг дострел.

Претходно, вчера, при посетата на Норвешка, претседателот на украинскиот Парламент, Руслан Стефанчук, најави дека Киев многу скоро ќе добие уште повеќе системи за противвоздушна одбрана со среден дострел НАСАМС, потсетуваат руските медиуми.

По успехот на украинските војници во интензивните борби за Бахмут, град во источна Украина, претседателот Зеленски ги пофали своите војници.

-Прво, одбранбените бригади завршија добра работа, ги исполнија најважните стратешки задачи, рече тој во редовното вечерно видео обраќање, додавајќи дека и „ударните бригади добро си ја вршат работата“.

Тој, исто така, кажа дека воздухопловните сили и воздушната одбрана направиле „одлична работа“ во заштитата на цивилите. сд/

Остани поврзан