• сабота, 12 октомври 2024

Зеленски: На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да ги заштити извозните рути

Зеленски: На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да ги заштити извозните рути

Киев, 26 ноември 2023 (МИА) – На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да заштити рутите за извоз на жито, како и регионите што граничат со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој во вчерашното обраќање на Меѓународниот самит за безбедност на храната „Житарки од Украина“ што се одржа во Киев посочи дека „не е тајна“ оти Украина се соочува со дефицит во воздушна одбрана.

На Самитот присуствуваа високи претставници од европските земји, меѓу кои и швајцарскиот претседател Ален Берсет и литванската премиерка Ингрида Симоните. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан