• петок, 14 февруари 2025

Зеленски најави дека наскоро ќе отпатува во ОАЕ, Саудиска Арабија и Турција

Зеленски најави дека наскоро ќе отпатува во ОАЕ, Саудиска Арабија и Турција

Киев, 14 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека наскоро ќе отпатува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и Турција.

„Не гледам ниту Руси, ниту Американци тука“, рече Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Тој посочи дека патувањата во ОАЕ и Саудиска Арабија - посредници меѓу Киев и Москва, ќе бидат поврзани до одреден степен со прашањето за размена на воени заробеници. Потоа, Зеленски во Турција ќе се сретне и со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Украинскиот претседател додаде дека Европа ќе се обедини околу Украина во врска со нејзината сопствена безбедност, поради загриженоста меѓу европските влади дека обврските на САД за безбедноста на континентот слабеат.

„Во секој случај, единството на Европа ќе се издигне покрај Украина, за нејзината сопствена одбрана“, нагласи украинскиот претседател. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан