• четврток, 26 март 2026

Зеленски нареди да се формира постојана преговарачка група за завршување на војната

Зеленски нареди да се формира постојана преговарачка група за завршување на војната

Киев, 19 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нареди да се формира постојана проширена национална преговарачка група која ќе работи за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир, објави Укринформ.

Зеленски на Фејсбук објави дека одржал состанок посветен на дипломатските напори за завршување на војната и воспоставување мир.

Министерот за одбрана Рустем Умеров информираше за работата на украинската делегација и преговарачкиот процес во Турција. Според Зеленски, „средбите на 15 и 16 мај му ја покажаа на светот нашата посветеност на унапредување на мирот и во исто време, неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната“.

Тој нагласи дека најзначајниот исход од состанокот бил договорот за размена на затвореници во формат  1.000 за 1.000.

„Нашиот тим моментално работи на деталите за размената. Благодарен сум на сите што придонесоа за овие напори“, истакна Зеленски. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан