• сабота, 13 декември 2025

Зеленски и германскиот канцелар Мерц разговараа за безбедноста и соработката

Зеленски и германскиот канцелар Мерц разговараа за безбедноста и соработката

Киев, 7 август 2025 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски телефонски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц. 

За време на разговорот биле разгледани клучни прашања од билатералната соработка, како и моменталната безбедносна состојба во регионот. Посебно внимание било посветено на поддршката на Германија за Украина во услови на тековните предизвици.

Зеленски изрази благодарност за континуираната поддршка од германската Влада и ја нагласи важноста на понатамошната тесна соработка за зајакнување на стабилноста во Европа.

Канцеларот Мерц ја потврдил подготвеноста на Германија да продолжи да ја обезбедува потребната помош и поддршка на Украина во нејзината потрага по мир и развој.

„Телефонскиот разговор со канцеларот Мерц беше конструктивен и го потврди нашиот заеднички интерес за зајакнување на партнерството меѓу нашите земји“, објави Зеленски на Телеграм. рп/

Фото: ДПА

Остани поврзан