• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски го потпиша предлог-законот за намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години

Зеленски го потпиша предлог-законот за намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години

Киев, 2 април 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го потпиша предлог-законот со кој се намалува старосната граница за воена мобилизација од 27 на 25 години, пренесоа светските агенции.

Предлог-законот, кој беше изгласан пред една година од пратениците и кој досега чекаше да биде потпишан од претседателот, стапува на сила од утре, соопшти украинскиот Парламент (Врховната рада) на својата веб-страница.

Украинската Влада треба во рок од шест месеци да ги усогласи различните правни текстови во земјата со новите барања на возраста за мобилизација.

Мобилизацијата во армијата е предмет на дебата во Украина со месеци, забележуваат светските агенции. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан