• петок, 03 мај 2024

Зеленски го назначи Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот на украинската армија

Зеленски го назначи Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот на украинската армија

Киев, 9 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го назначи генерал-мајор Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот на украинската армија, по разрешувањето на Серхи Шаптала.

Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски го опиша Бархилевич како „искусен поединец кој ги разбира задачите на оваа војна и целите на Украина“.

Тој рече дека именувањето е извршено по препорака на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан