Зеленски ги повика сите подготвени граѓани да ја бранат земјата од руските сили
- Зеленски денеска поднесе и предлог закон до Собранието за општа мобилизација.

Киев, 24 февруари 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сите граѓани кои се подготвени да ја баранат земјата од руските сили, да истапат, а Киев ќе им обезбеди оружје.
Зеленски денеска поднесе и предлог закон до Собранието за општа мобилизација.
Според соопштението на Кремљ, Путин ќе одлучи колку долго ќе трае руската воена операција во Украина, во зависност од тоа како ќе напредува и од целите. бд/сд/