• петок, 16 август 2024

Зекири: Голема чест е што сум во оваа репрезентација

Зекири: Голема чест е што сум во оваа репрезентација
Скопје, 14 јули 2021 (МИА) – Довчерашниот играч на МЗТ Скопје Уни Банка, Лејтон Зекири, изрази задоволство што е дел од македонската кошаркарска репрезентација која се подготвува за претквалификациите за Светското првенство 2023. - Голема чест е што сум во оваа репрезентација. Голема чест за мене е тоа што ја добив довербата од селекторот Драган Бајиќ преку оние селективни тренинзи. Овде има многу поискусни кошаркари од кои можеме многу да научиме, само треба вредно да тренираме во следниот период. Одлично е тоа што играме на домашен терен затоа што во старт ќе имаме предност во однос на ривалите. Сметам дека репрезентацијата е одлично склопена и може без проблеми да ги помине претквалификациите, истакна Зекири Младиот кошаркар е еден од осуммината кои се наметнаа кај селекторот Драган Бајиќ во изминатите неколку дена. Тој е и актуелен член на македонската репрезентацијата до 20 години. зс/

Остани поврзан