• петок, 05 декември 2025

Здружение на судии на РСМ: Основно правно начело е да не се коментира неправосилна судска одлука за да не се влијае на понатамошната судска постапка

Здружение на судии на РСМ: Основно правно начело е да не се коментира неправосилна судска одлука за да не се влијае на понатамошната судска постапка

Скопје, 23 септември 2025

Основно правно начело согласно домашните и меѓународните правни стандарди е да не се коментира неправосилна судска одлука, сѐ со цел да не се влијае на понатамошната судска постапка и одлучување на повисок степен, стои во соопштението на Здружението на судии на Република Северна Македонија кое МИА го пренесува интегрално.

Заради тоа и во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како „ Онкологија“ – донесена врз основа на признание на вина, Здружението на судии на РСМ, ќе ги почитува правните стандарди и нема да даде свој коментар.

По однос "вечната тема" платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното „зголемување“ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко.

Здружение на судии на Република Северна Македонија

Остани поврзан