• среда, 03 јули 2024

Здружението на пензионери од Кавадарци промовираше видео песни од пејачката група „Никола Бадев“

Здружението на пензионери од Кавадарци промовираше видео песни од пејачката група „Никола Бадев“

Кавадарци, 3 јули 2024 (МИА) - Здружението на пензионери од Кавадарци синоќа промовираше видео песни испеани од пензионери во рамки на пејачката група „Никола Бадев", која работи во рамки на Здружението.

На сцената во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ настапи и играорна група, како и ќерките на Бадев - Роска и Сузана. Стихови читаше Тодорка Андова, член на пензионерскиот литературен клуб. 

- Убаво е третото доба, уште поубаво ако го живееш со песна на усните, рече водителката Маријана Пешиќ, пензионирана новинарка и водителка, која и самата е дел од пејачката група при Здружението на пензионери. свд/бак/


Фото : МИА 

Остани поврзан