• недела, 22 декември 2024

Здружението „Епл три“ одржа обуки за родово одговорно буџетирање во Општина Чаир

Здружението „Епл три“ одржа обуки за родово одговорно буџетирање во Општина Чаир

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Здружението за напредок, поддршка и одржлив развој на жени „Епл три“ од Скопје, кое го имплементира проектот „Глас и ехо – креирање подобри услови за родово одговорно буџетирање во општина Чаир“, во рамки на ЕУ проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, вчера и денеска, во просториите на Општина Чаир одржа две обуки за родово одговорно буџетирање.

Воедно се основаше и меѓуресорна работна група, чии членови се претставници од општината, други засегнати институции и организации, како и од НВО и бизнис секторот од општина Чаир.

Преку меѓуресорната работна група, како што информираат од здружението, се предвидува поднесување и реализација на иницијативи, во рамки на проектната акцијата која здружението ЕПЛ ТРИ тековно ја имплементира. сх/нд/

Фото: Епл три

Остани поврзан