• четврток, 15 јануари 2026

Здружението „Бадникови поворки“ ќе ја објави програмата на Бадниковата манифестација 2026

Здружението „Бадникови поворки“ ќе ја објави програмата на Бадниковата манифестација 2026

Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Здружението „Бадникови поворки“ денеска со почеток во 13 часот, пред поставената Божикна пештера на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе одржи прес-конференција на која ќе ја објави целокупната програма на Бадниковата манифестација 2026.

-Пред Божикната пештера, која важи за едно од најимпозантните дела на уметноста и традицијата во регионот, официјално ќе бидат претставени сите активности што, под мотото „Со божикната радост, срца да стоплиме“, ќе се реализираат во претпразничниот период, како и на Бадник, Божик, па сè до Василица, велат од Здружението „Бадникови поворки“.

На прес-конференцијата, меѓу другото, ќе бидат објавени деталите за големиот божикен музичко-сценски проект - мјузикл, специјално подготвен за централната Бадникова манифестација во Скопје, со учество во живо на повеќе од 40 актери и пејачи, специјално изработените божикни ѕвезди, на кои работеа повеќе инженери, со цел децата да можат да ги користат и во годините што следуваат, уште еден симболичен и траен подарок за секое семејство - уметничко дело што секој ќе може да го понесе во својот дом, серијал кратки божикни приказни наменети за децата, како и новиот музички запис за песната „Вечниот Бог“.

Како што велат од здружението, бадниковите поворки и оваа година продолжуваат да го надминуваат сопствениот рекорд, со досега пријавено учество на повеќе од 80 општини, градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Италија, Словенија, Австрија и Соединетите Американски Држави. сст/хс/

Фото: Здружение „Бадникови поворки“

 

 

 

 

Остани поврзан