• четврток, 16 мај 2024

Здравковски нов фудбалер на шкотски Мадервил

Здравковски нов фудбалер на шкотски Мадервил

Глазгов, 21 јули 2023 (МИА) – Поранешниот член на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Давор Здравковски е нов фудбалер на Мадервил, соопшти денеска шкотскиот прволигаш.

Дваесетипетгодишниот играч од средниот ред се сели во шкотската Премиер лига од редовите на кипарскиот прволигаш АЕЛ во чиј редови настапуваше последните шест сезони.

Шкотскиот прволигаш соопшти дека Здравковски потпишал двегодишен договор и во клубот од „Фир Парк“ ќе го носи дресот со бројот 17.

„Ова е нова страница и нов предизвик за мене. Со нетрпение очекувам да почнам со напорна работа и ќе го дадам најдоброто од себе за да им донесам радост на навивачите“, порача во изјава за клупскиот сајт Здравковски, кој од 2015 до 2017 година го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров, а за македонската репрезентација до 21 година одигра 25 натпревари.

Здравковски е вториот Македонец кој следната сезона ќе настапува во шкотското првенство, приклучувајќи му се на репрезентативниот напаѓач Бојан Миовски од Абердин. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан