• среда, 15 мај 2024

Зголемен прилив на предмети во Уставниот суд, 53 нови предмети само во август и септември годинава

Зголемен прилив на предмети во Уставниот суд, 53 нови предмети само во август и септември годинава

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Уставниот суд бележи прилив на примени иницијативи и новоформирани предмети во август и септември оваа година. Според статистиките кои ги води Уставниот суд оформени се 53 нови предмети во периодот од 1 август до 30 септември 2023 година.

Од Судот тековно информираа за дел од предметите, со оглед дека станува збор за прашања кои се од интерес на јавноста.  Меѓу нив се оспорените измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, иницијативи поднесени од Министерството за правда со оспорени рокови за објавување на актите, Законот за работните односи.

Во денешното соопштение Судот ги објавува сите останати предмети по кои се постапува, меѓу кои и два предмета во кои се оспорени законските измени на Кривичниот законик, предмет во кој е оспорена Oдлуката за определување и промена на имиња на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје, донесен од страна на Советот на Град Скопје, законски измени на Законот за урбанистичко планирање итн.

Некои од предметите, како што информираат од Уставен, се веќе ставени и на седница за дискусија и одлучување. дма/

Фото: МИА архива

Повеќе информации за иницијативите и наводите со кои се оспоруваат одредбите може да се прочитаат на: https://ustavensud.mk/?p=24853

Остани поврзан