• сабота, 13 јули 2024

Зголемен број на тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска во 13 европски земји

Зголемен број на тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска во 13 европски земји

Лондон, 12 јуни 2024 (МИА) - Бројот на азиски тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска е зголемен во 13 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Грција, што доведе до зголемување на бројот на заболени, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). 

ЕЦДЦ наведува дека климатските промени создаваат поволни услови за ширење на тигрестиот комарец, што доведува до зголемување на бројот на случаи на денга.

Центарот предупреди дека меѓународните патувања дополнително ќе го зголемат ризикот од ширење на епидемијата во Европа, објави Би-Би-Си. паг/

Фото: МИА архива




Остани поврзан