• недела, 22 декември 2024

Зголемени трошоците за изградба на нови објекти за индивидуално домување 

Зголемени трошоците за изградба на нови објекти за индивидуално домување 

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) -  Трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од годинава се повисоки за 0,4  отсто отколку во второто тримесечје,  додека трошоците за материјали се пониски за 1,8, а трошоците за вработените се повисоки за 4,2  отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба, пак, со третото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,6 отсто, трошоците за материјали се пониски за 2,5, а трошоците за вработените се повисоки за 22,8 отсто.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.вј/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан