• сабота, 14 март 2026

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Oткупот и продажбата на земјоделските производи во четвртото тримесечје од 2025 година изнесуваат 12,5 милијарди денари, што во однос на истиот период претходната година е зголемување за 15 отсто, информира Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 30,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 23,1 проценти. мч/дма/

Фото: МИА архива
 

 

 

Остани поврзан