• петок, 05 декември 2025

Зголемени количини на комунален отпад, летово собираат екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“

Зголемени количини на комунален отпад, летово собираат екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“

Куманово, 8 август 2025 (МИА) - Во летниот период значително се зголемени количините на комунален отпад што на дневно ниво ги собира ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово, информираа денеска од претпријатието. Според податоците, последниов месец регистрирано е зголемување на собрани количини на смет за околу 30 проценти.

-Се вратија нашите иселеници и може да забележиме дека сега за 30 проценти е зголемена количина на смет во Куманово. Претходните месеци се собираа од над 100 тони, сега над 150 тони смет. Предизвик е изнесувањето на смет во пладневните и попладневните часови поради сообраќајниот метеж во градот во овој период од годината, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

Во централното градско подрачје сметот се изнесува во три смени, на одредени локации и до четири пат во денот. Претпријатието ќе постави полуподземни контејнери на фреквентни локации во близина на трговските објекти, маркети кои пак, поради зголемениот промет летово, прават поголема количина на смет. Претпријатието ги добило потребните дозволи за поставување на полуподземните контејнери, местата се одбрани и се во близина на големите трговски единици, маркети, станбени единици. Долгорочна интенција на претпријатието е да се постават полуподземни контејнери насекаде во Куманово и сметот да се собира само во ноќните часови. ам/дма/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан