• вторник, 05 ноември 2024

Зголемени водостоите на реките

Зголемени водостоите на реките
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголемо, седумкратно зголемување на нивото има реката Треска кај Македонски Брод, а речиси двојно е зголемен и водостојот на Вардар на мерните места кај Јегуновце и кај вливот на Лепенец во Скопје. Исто со вчерашното е нивото на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Струмица кај Сушево. Единствено понизок водостој од вчерашниот е забележан кај реката Брегалница на мерното место кај Штип. Нивоата, пак, на трите природни езера се исти со вчерашните. вј/дма/

Остани поврзан