• петок, 22 ноември 2024

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Скопје, 19 април 2022 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во однос на вчера со што сега е на 14 сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Со тоа водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните за април и тоа за еден сантиметар кај Охридското и за 1,74 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,77 метри повисоко од повеќегодишниот просек за вој период од годината. Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава и главно бележат благо зголемување или намалување на нивото во споредба со вчера. вј/лв/

Остани поврзан