• петок, 05 декември 2025

Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини, на ГП Табановце за влез се чека околу еден час

Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини, на ГП Табановце за влез се чека околу еден час

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан