• среда, 15 мај 2024

Звучни музички имиња на големата „Get EXITed“ забава во Струмица

Звучни музички имиња на големата „Get EXITed“ забава во Струмица
Струмица, 23 август 2022 (МИА) - „Get EXITed“ забавата, која ќе се одржи на 7 септември во Големиот градски парк во Струмица, носи возбудливи светски и регионални имиња. На големата летна забава доаѓа една од водечките италијански техно ѕвезди Деборах Де Лука, глобалниот хитмејкер, продуцент и ди-џеј Махмут Орхан, неприкосновената балканска кралица на трапот Сенидах и еден од најпознатите ди-џеи со интернационална кариера Кристијан Молнар, соопштија организаторите. Додаваат дека наскоро ќе бидат најавени уште имиња, а влезот на оваа забава која ќе трае дури девет часа е слободен. -„Get EXITed“ во преубавиот град Струмица го најавува започнувањето на „EГЗИТ“ фестивалот во Македонија, планиран за 2023 година, информираа од фестивалот. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, смета дека реализацијата на „Get EXITed“ фестивал во Струмица,како дел од глобалната програма на реномираниот фестивал „EXIT“, има огромно значење за градот и општината. -Тука, пред сé сакам да ја потенцирам поддршката која на овој начин ја даваме на иницијативата „Отворен Балкан“,многу сериозен и важен гео-стратешки процес за нашиот регион.Секако, локално, за струмичката економија најавената посета од неколку илјади посетители на „Get EXITed“ потенцијално ќе значи директен прилив на средства во сместувачките капацитети, како и во касите на угостителите и сите останатите дејности кои директно или индиректно се занимаваат со туризам, изјави Костадинов. Додаде дека со изборот на учесниците и со овој фестивал Струмица ќе биде препозната како долгорочна дестинација за иден развој на овој мултикултурен настан од светски ранг. рт/дма/

Остани поврзан