• петок, 05 декември 2025

За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво

За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво

Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Во трговија на мало во мај оваа година, во споредба со мај минатата година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена за 5.1 проценти.

Во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 5.5 проценти, а реално опаѓа за 0.5 проценти, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 8.9 проценти, а реално за 5.1 проценти. Во Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 7.1 проценти, а реално за 2.1 проценти и во Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 4.1 проценти, а номинално опаѓа за 8.5 проценти. 

Во Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 7.1 проценти, а реално за 2.1 проценти.
Во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 8.9 проценти, а реално за 5.1 проценти.бт/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан