• среда, 12 јуни 2024

За 12,5 проценти намален бројот на патници со автобус во четвртиот квартал лани

За 12,5 проценти намален бројот на патници со автобус во четвртиот квартал лани

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) -  Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166  000  патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Според видот на превозот,  бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1  процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 38,5 проценти.  Во градскиот превоз е намален за 87,8 проценти, во приградскиот за 63,2 проценти, во меѓународниот за 6,7  проценти, а зголемен е за 4,6 проценти во меѓуградскиот превоз.лв/

Остани поврзан