• понеделник, 23 декември 2024

За четири месеци во Тетово „пајак-службата“ подигнала 1440 возила

За четири месеци во Тетово „пајак-службата“ подигнала 1440 возила

Тетово, 11 мај 2023 (МИА) - Во периодот од јануари до април односно за четири месеци СВР Тетово има евидентирано дека се преземени 906 мерки за неправилно паркирање, а 1440 возила се подигнати од пајак-службата.

Најголемиот број од мерките се однесувале на паркирање на недозволени места и во таканаречени „двојни-редови“.

-Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во координација и со тетовската локална самоуправа, секојдневно презема засилени мерки и активности за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово. Со несмалено темпо и динамика активностите ќе продолжат и во наредниот период, а во нивната реализација од 9 до 23 часот учествуваат и три „пајак-возила“, со цел навреме да се отстранат возилата кои го попречуваат непреченото и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот. Притоа, први ќе бидат санкционирани возилата оставени во зони на крстосници, на обележани пешачки премини, во зеленило и во „двојни редови“, појава која е често присутна, особено во централното градско подрачје на Тетово, информира Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово.

На сите возачи кои се соочиле со мерките, им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби кои се движат од 25 до 180 евра, зависно од тоа каде било оставено возилото. ас/цр

Фото: МИА  

Остани поврзан