За техничка неисправност казнети 22 возачи во тетовско-гостиварскиот регион
- СВР Тетово информира дека вчера на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Има казни за 22 неисправ
Тетово, 5 ноември 2021 (МИА) - СВР Тетово информира дека вчера на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Има казни за 22 неисправни возила, како и санкции за сторени прекршоци во сообраќајот.
-При контролата, откриени и санционирани се вкупно 22 неисправни возила, односно прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-5). Најголемиот број од нив - 12 имале неисправни сопирачки (ТЕ-10 и ГВ-2), кај две возила била констатирана неисправност на уредите за управување (ТЕ-1 и ГВ-1), а кај три возила (ТЕ) неисправност на други уреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-2).ас/бт/