• сабота, 13 декември 2025

За Србија од ЕУ фондови 325,2 милиони евра, од кои 240 милиони се бесповратни средства

За Србија од ЕУ фондови 325,2 милиони евра, од кои 240 милиони се бесповратни средства

Белград, 6 август 2025 (МИА) - Договорот за финансирање на повеќегодишната оперативна програма за секторите животна средина и енергетика во вредност од 325,2 милиони евра, потпишан од Србија и Европската унија, предвидува 240 милиони евра грантови од фондовите за пристапување кон ЕУ, соопшти денеска српското Министерство за европски интеграции.

Повеќегодишната оперативна програма за животна средина и енергетика ќе ја управуваат српските институции во индиректен систем на управување, во согласност со начинот на кој членките на ЕУ ги спроведуваат програмите во рамките на фондовите за кохезија и регионален развој.
Државната секретарка во Министерството за европски интеграции, Мира Раденовиќ Бојиќ, изјави дека Договорот овозможува значителна финансиска поддршка за подобрување на заштитата на животната средина и понатамошен развој на енергетиката.

„На овој начин, обезбедивме поддршка за одржливо управување со отпад, подобрување на инфраструктурата за третман на отпадни води и поттикнување на примената на мерки за енергетска ефикасност во јавните згради и домаќинствата“, рече Мира Раденовиќ Бојиќ.

Таа изјави дека програмата ќе го поддржи и развојот на капацитетите за транзиција кон обновливи извори на енергија и подобрување на јавните системи за вода и канализација и ќе вклучува мерки за заштита на квалитетот на воздухот.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Андреас фон Бекерат, изјави дека договорот е уште еден пример за силна и долгорочна поддршка за Србија.

Програмата ќе се спроведува од 2025 до 2032 година, а стапката на кофинансирање на програмата е 26,2 проценти, се наведува во соопштението. зш/

Остани поврзан