• недела, 23 јуни 2024

За Србија замина уште еден контингент од 28 унгарски полицајци

За Србија замина уште еден контингент од 28 унгарски полицајци

Будимпешта, 30 мај 2024 (МИА) - Шефот на одделот за гранична полиција на Унгарија, Балаш Ласло, изјави дека 18-от унгарски полициски контингент од 28 полицајци заминал за Србија за да може таа земја да продолжи со работата за спречување на илегалната миграција.

-Ние сме должни да спречиме илегални мигранти да влезат на територијата на нашата земја, како и на територијата на Европската унија, и затоа тесно соработуваме со надлежните органи на соседните земји, рече Ласло.

Тој посочи дека поради постојаната соработка меѓу унгарската и српската полиција, намален е бројот на нелегални обиди за преминување на границата во јужниот дел.

Унгарските полицајци се задолжени за спречување и откривање илегални гранични премини, како и учество во апсење на шверцери на луѓе и илегални мигранти. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан