За седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
- ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирала 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирала 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 22 до 28 јануари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 137 непрописно паркирани возила, а механичко средство „блокатор“ е ставено на 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. фф/бак/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар