• недела, 22 декември 2024

За првпат САД поставија нуклеарно оружје со мала моќност на подморница

За првпат САД поставија нуклеарно оружје со мала моќност на подморница
Вашингтон, 4 февруари 2020 (МИА) - САД соопштија дека распоредиле нуклеарно оружје со мала моќност за првпат во подморница како одговор на развојот на такво оружје од страна на Русија. „Американските ВМС распоредија нуклеарна воева глава со мала моќност W76-2 во балистичка ракета што може да се испука од подморница“, се вели во изјава на заменик-секретарот за одбрана задолжен за политички прашања Џон Руд. Кога новата американска нуклеарна доктрина беше објавена пред две години, Пентагон предупреди дека ќе модифицира педесетина нуклеарни глави за да ја намали нивната моќ и да ги стави во подморници. На тој начин според нив, ќе се одговори на закана за која се претпоставува дека доаѓа од Русија. Според Вашингтон, Русија е во процес на модернизирање на арсенал од 2.000 тактички нуклеарни оруќја што се закана за европските држави. зш/

Остани поврзан