• петок, 22 ноември 2024

Заседание на министерскиот Советот за вработување и социјална политика на ЕУ во Луксембург 

Заседание на министерскиот Советот за вработување и социјална политика на ЕУ во Луксембург 

Брисел, 9 октомври 2023 (МИА) - Во Луксембург денеска ќе се одржи состанок на Советот за вработување, социјална политика, здравје и потрошувачки прашања на ЕУ, на кој ќе присуствуваат министри од земјите членки на Унијата што се задолжени за овие ресори. 

Како што соопшти Европскиот совет, министрите ќе разговараат за влијанието на новите технологии врз трудот, за европскиот пат кон праведна дигитална транзиција, како и за постигнување на политички договор за препораката за усогласување на рамковните услови за социјалната економија. 

На дневен ред на Советот ќе бидат и заклучоците за заштита на менталното здравје и за социјално осигурување на самовработените, како и мерките за обезбедување еднаков пристап на Ромите до соодветно домување. 

Министрите ќе бидат информирани и за предложените директиви за европска инвалидска карта, за европска карта за паркирање на лицата со попреченост и за борба против насилството врз жените и семејното насилство. 

Со заседанието ќе претседаваат шпанските министри за труд и социјална економија и за инклузија, социјално осигурување и миграција, Јоланда Дијаз и Хозе Луис Ескрива, а на него ќе присуствува и еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит. сп/

Фото: Совет на ЕУ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан