• четврток, 21 ноември 2024

Новата финска Влада планира да ја намали имиграцијата

Новата финска Влада планира да ја намали имиграцијата

Хелсинки, 16 јуни 2023 (МИА) - Новоформираната коалициска Влада на Финска денеска соопшти дека се согласила да ги намали имигрантските квоти, да ги зголеми барањата за странците кои сакаат да работат во земјата и да ги заостри условите за добивањето државјанство на странците, што се клучни точки на националистичката Партија на Финците.

-Во изминатите години, Финска беше единствената нордиска земја со поблага имиграциска политика. Тоа сега се менува, изјави на прес-конференција претседателот на Партијата на Финците, Рика Пура, нарекувајќи ја новата политика „промена на парадигмата“.

Владата, исто така, ќе ја отфрли употребата на какви било идни заеднички планови за економско закрепнување од Европската унија.

Владата, која ќе ја предводи Петри Орпо, шеф на конзервативната Национална коалиција, исто така планира да ги намали трошоците, да ги намали даноците и да отвори 100 илјади нови работни места во следните четири години. мс/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан