• понеделник, 23 декември 2024

За Лондон рускиот предлог за привремен прекин на огнот во Мариупол е веројатен „обид да се одврати меѓународната осуда“

За Лондон рускиот предлог за привремен прекин на огнот во Мариупол е веројатен „обид да се одврати меѓународната осуда“
Лондон, 5 март 2022 (МИА) - Велика Британија оцени дека предложената пауза на огнот од Русија во украински Мариупол веројатен „обид да се одврати меѓународната осуда“ додека тие ги преселуваат силите за „обновени офанзивни активности“, соопшти денеска британското Министерство за одбрана. Претходно денеска руското Министерство за одбрана прогласи пауза во огнот во југоисточните градови Мариупол и Волноваха за да се олесни отворањето на коридори за евакуација „за излез на цивили“. Меѓутоа, подоцна денеска, Министерството соопшти дека „ниту еден цивил не можел да ги напушти Мариупол и Волноваха по најавените безбедносни коридори“, тврдејќи дека цивилното население во градовите било „држано од националистички формации како жив штит“ во соопштението објавено од руската новинска агенција ТАСС.   „Обвинувајќи ја Украина за прекршување на договорот, Русија најверојатно се обидува да ја префрли одговорноста за сегашните и идните цивилни жртви во градот“, се вели во соопштението на британското Министерство објавено на Твитер. ссм/

Остани поврзан