• петок, 05 декември 2025

За иницијативата за издвојување пет отсто од БДП за одбрана, ќе се следи состојбата со буџетот, најави Димитриеска - Кочоска

За иницијативата за издвојување пет отсто од БДП за одбрана, ќе се следи состојбата со буџетот, најави Димитриеска - Кочоска

Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Фискалната консолидација продолжува и понатаму. Она што сме го напишале во фисакалната стратегија е наша обврска, кон која целиме и која ја реализираме. Отстапување од тоа нема. Во однос на пет отсто од БДП за НАТО, ние во овој момент сме земја која е од оние земји кои најмногу издвојува, односно два отсто е обврската. Речиси сме во првите неколку земји кои издвојуваат блиску до два проценти, соопшти денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска. 

- Ние правиме проекции на еден БДП, лани стапката ја проектиравме на 2,1 отсто, а БДП излезе повисок. Сега ќе имаме ревидирани и конечни, и по две години ќе знаеме колку точно сме издвоиле за НАТО. Но, во проекциите кога ги правиме пресметката е прецизна, 2 проценти. Ние сме земја членка на НАТО и нашата цел е да ги остваруваме обврските кои ни се зададени. Во колкав период, сега од овој аспект не можеме да зборуваме. Дали ќе биде веднаш, ќе видиме како ќе биде со состојбата со буџетот, па потоа ќе можеме да коментираме дали ќе може наеднаш тоа да го направиме или ќе ни треба период на прилагодување, појасни министерката за финансии Димитриеска - Кочоска. мд/ац/

Фото: Принтскрин од видео 

Видео: Влада 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан