• недела, 22 декември 2024

За затемнети стакла 12 санкционирани возачи 

За затемнети стакла 12 санкционирани возачи 
Скопје, 16 август 2021 (МИА) - Во периодот од 09.08.2021 до 15.08.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 12 возачи. Во денешното соопштение од МВР се посочува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.  цр/вј/

Остани поврзан