• среда, 08 мај 2024

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница, утре и задутре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел.

-Утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје. дма/нд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан