• недела, 22 декември 2024

За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција

За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција

Атина, 11 октомври 2024 (МИА) – Намалување на позитивните, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 е регистрирано во текот на минатата седмица во Грција, согласно официјалните податоци од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 30 септември до 6 октомври позитивноста кај сите тестирани примероци е намалена во однос на претходната седмица, регистрирани се 613 нови хоспитализации, што исто така бележи намалување во однос на минатата седмица, додека просекот во претходните четири седмици бил 592 лица, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 17 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 28. ср/ми/

Остани поврзан