• недела, 13 октомври 2024

За една недела санкционирани 226 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела санкционирани 226 непрописно паркирани возила во Центар
Скопје, 10 oктомври 2022 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во текот на една недела санкционираа 226 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 3-ти до 9 октомври со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 96 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. -ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар, велат од ЈП ПОЦ во соопштението и апелираат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. сст/дма/

Остани поврзан