• сабота, 23 ноември 2024

За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95

За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Од ноќеска на полноќ за два денара ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува  80 денари за литар,   додека литар ЕУРОСУПЕР БС - 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари,  Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут М-1 НС по 43,209 денари за килограм.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,48 отсто. дма/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан